Пресметката се случила на ул.Петре Ѓорѓиев, во близина на поликлиниката Битпазар. Од една страна биле лицата А.Б. (20) и А.Б. (23), кои потоа се пренесени во болница, а од друга страна лицата Х.Б., Х.Б., С.А. и А.А. Меѓу двете групи, според информациите, се вмешал С.Ш, случаен минувач, кој имал намера да ги раздвои и смири двете групи, но притоа бил повреден со тупаница во носот.
Повредените биле пренесени во болницата во центарот на Скопје, во поранешната Градска болница. Дваесетгодишникот имал повреда од огнено оружје, а А.Б. (23) се здобил со повреда од тврд предмет. Од МВР го потврдуваат инцидентот.