петок, 26 јули 2024

Повредени пешаци во Скопје и Тетово

Вчера во СВР Тетово било пријавено дека на автопат Тетово –  Гостивар, во близина на наплатна станица Тетово, патничко возило сеат со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Б.М.(42) од село Србиново, гостиварско, удрило во пешакот В.Д. (41) од Тетово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот констатирани во Клиничка болница Тетово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово.

Објавено на

часот

Сподели

Денеска во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од улиците „Васил Главинов“ и „Максим Горки“ во Скопје, патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Т.Ц. (72) од Скопје, удрило во пешакот Б.П. (33) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ