сабота, 27 јули 2024

Повредени пешаци и велосипедист

Во Скопје и Крива Паланка вчера во одделни сообраќајни несреќи тешко биле повредени пешаци, а во Прилеп малолетничка велосипедист.

 

Објавено на

часот

Сподели

На улицата „Јустинијан Први“ во Скопје товарно возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.М. (32) од Скопје удрило во пешакот Љ.В. (73) од Скопје. Во несреќата Љ.В. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Вчера на магистралниот пат Крива Паланка–Граничен премин Деве Баир, кај село Конопница, патничко возило „пасат“ со кривопаланечки регистарски ознаки, управувано од О.М. (57) удрило во пешакот Д.С. (63), двајцата од Крива Паланка. Во несреќата со тешки телесни повреди добил пешакот, констатирани во ЈЗУ Здравствен дом – Крива Паланка. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Крива Паланка.

Во полициската станица Прилеп било пријавено дека на улицата „11 Октомври“ во Прилеп патничко возило „југо“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Ј.М. (52) удрило во велосипед управуван од малолетничка, двајцата од Прилеп. Во несреќата тешки телесни повреди добила малолетничката, констатирани во Градската болница Прилеп.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Прилеп.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ