Нејмар по пауза од година дена, се врати на терените минатиот месец, но напаѓачот веднаш доживеа пех.
Во понеделникот, на натпреварот против Естегал во азиската Лига на шампиони, Бразилецот издржа само половина час.
Тој во прв момент објасни дека почувствувал само грч, но деталните тестови покажаа дека повредата е посериозна.
Нејмар има исекотина на задниот бутен мускул и се очекува да паузира помеѓу четири и шест недели.
🔹 Neymar undergoes scans pic.twitter.com/Gt7T4GxvKh
— AlHilal Saudi Club (@Alhilal_EN) November 6, 2024
Во меѓувреме, медиумите од Бразил пренесуваат дека Ал Хилал сака да го раскине договорот на Нејмар и големи се шансите двете страни спогодбено да се разделат во јануари.
Ал Хилал за услугите на Нејмар плати 90 милиони евра, а на играчот му беше даден двегодишен договор тежок фантастични 300 милиони евра.
Но Арапите не видоа многу аир од зделката, Нејмар до сега одигра само 7 натпревари на кои постигна еден гол и забележа две асистенции.