За Миовски годината е завршена, тој на инстаграм стори направи ретроспектива на 2024 и откри дека ќе паузира шест недели.
„Оваа година за мене беше нешто специјално. Помошта за Абердин кој имаше тешка сезона и потоа трансферот во Џирона беше голем чекор во мојата кариера. Постигнување голови и играње во Ла Лига се уште едно исполнување на сонот, а исто така и премиерен настап во Лигата на шампионите. Тоа се незаборавни моменти кои ќе ми останат во сеќавање. Исто така и помошта на мојата земја да се освои првото место во ЛН и да се испише нова историја, рушејќи многу рекорди. За жал, се повредив и за мене годината е готова. Ова е уште еден предизвик со кој морам да се соочам и знам дека ќе се вратам посилен. Се гледаме на теренот за шест седмици“, напиша Миовски.