Дончиќ се повреди уште во текот на првото полувреме, а прегледите покажаа дека степенот на истегнување на мускулот е висок и бара подолга пауза.
Прогнозите се дека ќе отсуствува најмалку еден месец, а во тој период Далас има 17 натпревари кои Словенецот ќе ги пропушти.
Тоа значи дека Дончиќ дефинитивно испаѓа од трката за МВП на сезоната во НБА бидејќи условот за да влезе во конкуренција е играње на најмалку 65 во текот на сезоната.
Ова ќе биде најдолга пауза во кариерата за кошаркарот на Далас Маверикс и првпат нема да стигне до бројката од најмалку 65 одиграни натпревари.