петок, 13 декември 2024

Повреда на избирачко право може да се пријави кај Народниот правобранител

Во канцеларијата на Народниот правобранител, од денеска на денот на започнувањето на кампањата за избор на претседател на Македонија, па сѐ до 8 мај 2024 година кога ќе се одржи вториот круг од претседателските и парламентарните избори 2024 година, граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право на бесплатната телефонска линија 0800 54321.

Фото: П.Џ.

Објавено на

часот

Сподели

Сите непрaвилности, како што е наведено во соопштението од канцеларијата на Народниот правобранител, граѓаните ќе можат да ги пријават во текот на предизборниот период како и на денот/деновите на гласањето, 24 април и 8 мај.

Телефонската линија ќе функционира секој работен ден од 8 до 16 часот и по пријавите на граѓаните ќе се постапува веднаш, по примениот повик, или на снимената телефонска порака.

„Народниот правобранител, со цел заштита на избирачкото право на граѓаните, ќе презема итни мерки за ефективно постапување од странa на надлежните органи вклучени во изборниот процес и од другите институции кои се должни да им обезбедат заштита и остварување на загарантираните права на граѓаните“, се наведува во соопштението.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ