петок, 18 октомври 2024

Повикот за протест на МПЦ-ОА добива и политичка поддршка

Објавено на

часот

Сподели

„Македонски концепт дополнително реагира на најновите измени во Законот за матична евиденција со кои се интервенира во содржината на Изводот од матичната книга на родените, во која преку внесување на етничка припадност на граѓаните, во целост се суспендира граѓанскиот концепт на нашата држава, се воведува хибриден тип на етничка држава, која треба да прерасне во бинационална вештачка творба со тенденција на нејзино распаѓање. За таа цел, повикуваме масовно да се приклучат сите наши членови и симпатизери, но и сите граѓани кои посакуваме да живееме во нормална граѓанска држава и ве известуваме дека целокупното раководство на партијата Македонски концепт, ќе биде присутно на овој протест“, велат до партијата.

Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) на 29 јуни во Скопје ќе организира протест за  достоинство, слобода и заштита на основните верски права. Причината за протестот, е неприфаќањето на сугестиите во однос на предлог-законите за матична евиденција и родова еднаквост.

„На денешната редовна седница, Светиот Синод на МПЦ-ОА изразува особено жалење и загриженост што релевантните институции го игнорирале Соопштението од сите верски заедници, кои претставуваат 95 отсто од населението, и не ги прифатиле сугестиите во однос на предлог законите за матична евиденција и за родова еднаквост. Напротив, продолжуваат со постапката во скратена форма за сите собраниски филтри, за целосно носење на овие Закони, за кои уште еднаш апелираме да се повлечат од процедура, бидејќи тие претставуваат сериозна закана за општеството особено за неговата основна клетка- семејството“, соопштија завчера од САС МПЦ- ОА.

Синодот будно ги следи случувањата и активните притисоци за носењето на овие закони и оценува дека во ваква ситуација мора да биде заштитено и одбрането семејството, а пред сѐ децата.

„Повикуваме во оваа борба за достоинство, слобода и заштита на основните верски права да се придружи верниот народ, граѓанските здруженија, организации и сите поддржувачи заедно да ја заштитиме нашата вера и традиција од обидот за нејзино ‘искоренување’ и да излезат на мирен протест пред Соборниот храм ‘Свети Климент Охридски’ во Скопје на 29 јуни 2023 година во 18 часот, против донесувањето на овие закони“, заклучил Синодот, а пренесе Религија.мк.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ