сабота, 19 октомври 2024
Министерство за земјоделство

Повик за аплицирање за директни плаќања за регистрирано преземено пчелно семејство

Објавено на

часот

Сподели

За земјоделските стопанства, кои поседуваат од 10 до 50 регистрирани преземени пчелни семејства, висината на директните плаќања изнесува 600 денари по пчелно семејство.

За земјоделските стопанства, кои поседуваат над 50 регистрирани преземени пчелни семејства, висината на директните плаќања изнесува 800 денари по пчелно семејство, евидентирани или регистрирани од Агенцијата за храна и ветеринарство, како примарни производители на производи од животинско потекло, или одобрени од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство како оператори со храна, или имаат предадено мед во објект одобрен од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство.

Потребното одржување на бројот на пријавените преземени пчелни семејства е до 30 ноември 2023 година.

Земјоделските стопанства можат да аплицираат и за дополнителна субвенција од подмерката 2.18. за пчелни семејства вкучени во селекција за пеоизводство на шчелни матици, односно за подмерката 2.19.

Корисници на оваа дополнителна подмерка се земјоделските стопанства запишани во Регистарот на одгледувалишта на пчели и се регистрирани одледувалишта на пчелни матици или се нивни членови.

Висината на директните плаќања изнесува 2.000 денари по пчелно семејство, кое е во контрола и е вклучено во селекција за производство на пчелни матици.

Министерството ги потсетува земјоделците дека крајниот рок за поднесување на апликации за субвенции е до 30 јуни 2023. Земјоделците барањата можат да ги достават секој работен ден во канцелариите на подрачнитеединици на МЗШВ или електронски преку веб страната на Платежната агенција.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ