„Сообраќајната несреќа се случила малку пред 13 часот во близина на првата патарина при влез од грчка страна кон преминот Богородица – Евзони. Откако се созеле по сообраќајката, патниците свртеле на Единствениот број 112 за да побараат помош, бидејќи имало повредени. Први ги добиле операторите на Единствениот број за итни случаи 112 во Регионалниот ЦУК Струмица, кои веднаш на англиски јазик се разбрале, оствариле конференциска врска со колегите од 112 од Грција, а и со колегите во ЦУК Скопје, по што грчката Итна медицинска помош и полицијата биле известени и им помогнале на повредените.
Ова е уште еден пример, во низата, кога преку Единствениот број за итни случаи 112, независно дали повикот е прифатен од операторите на Република Грција или од Република Северна Македонија, во заедничка соработка се спасуваат граѓани од двете држави коишто биле во животозагрозувачка ситуација“, се вели во соопштението на ЦУК.
Фото: Илустрација