среда, 22 јануари 2025

Повеќето работници од генерација Зет ја ценат етиката на компанијата исто колку и платата

Според истражувањата, две третини или 61 отсто од професионалците од генерацијата Зет ја ценат етиката на компанијата исто колку и нивните плати.

Фото: Пиксабej

Објавено на

часот

Сподели

Оние на возраст од 18 до 27 години генерално сакаат да работат за организација која ги споделува нивните принципи, како што се зелените акредитиви, општествена одговорност и чесност.

Истражувањето на Ко-оперативи УК покажа дека 42 отсто од поединците во оваа возрасна група дури размислувале да ја напуштат работата бидејќи нивниот работодавец нема доволно силни вредности или социјална цел, со сличен процент од 40 отсто се оние кои одбиваат да аплицираат или одбиваат работа во компании за кои веруваат дека се „неетички“.

Скоро три од пет од анкетираните лица мислат дека се попребирливи за своето работно место отколку постарите генерации.

Додека истражувањето покажа дека приоритетите на генерацијата Зет се добра рамнотежа помеѓу работата, животот и платите, тие исто така сакаат да работат за работодавци кои се справуваат со родовиот јаз во платите, се чесни, имаат интегритет и преземаат позитивни активности во заедницата.

Роуз Марли, извршен директор на Ко-оперативи УК, изјави: „Генерaцијата Зет сака да ја преобликува иднината на работата, барајќи од бизнисите да им дадат приоритет на луѓето, планетата и целта пред чистиот профит. Помладите сакаат нивната работа да биде значајна и влијателна. Тие се стремат кон подобар свет, и очигледно сакаат да направат нешто во врска со тоа“.

Истражувањето покажа дека повеќе од 63 отсто од вработените често се чувствуваат „конфликтно“ бидејќи компанијата во која работат не дава позитивен придонес за локалната заедница или општеството.

Повеќе од двајца од пет или 42 отсто тврдат дека би биле посреќни на работното место доколку нивната организација се грижи за планетата и животната средина.

Речиси половина од анкетираните сакаат да се чувствуваат горди на својот работодавец, еден од тројца се подготвени да истапат искрено доколку нивната организација не прави доволно во однос на нејзиното влијание врз животната средина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ