сабота, 27 јули 2024

Повеќето Американци сметаат дека и Бајден и Трамп се ментално неспособни за втор мандат

Американските гласачи се главно скептични дека претседателот Џо Бајден е способен за втор мандат, а повеќето мислат дека е иста ситуацијата и со неговиот најверојатен ривал на изборите Доналд Трамп, според анкетата на Универзитетот Квинипијак.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Според истражувањето, 64 отсто од анкетираните кажале дека 81-годишниот Бајден не е ментално способен за втор мандат, а 51 отсто сметаат дека не е ни 77-годишниот Трамп. Истражувањето покажало и дека Бајден води пред Трамп со четири отсто, иако две третини од гласачите сметаат дека Бајден е престар за нов мандат.

Бајден, чии ментални капацитети се под лупа откако во новиот извештај на специјалниот обвинител Роберт Хур беше опишан како „постар човек со лоша меморија“, ја отфрли загриженоста за своето памтење и не покажува знаци дека би можел да се повлече од кампањата за резибор.

Истражување на Југов за Економист, чии резултати беа објавени вчера, покажа дека Трамп води пред Бајден со еден процент. Бројни други анкети покажуваат дека Трамп има големо водство.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ