петок, 26 јули 2024

Повеќето Американци мислат дека Трамп не е виновен што ги прикривал плаќањата

Првото кривично судење против поранешниот американски претседател Доналд Трамп е она во кое повеќето Американци се најмалку убедени дека тој извршил кривично дело, според резултатите од истражувањето на Центарот за односи со јавноста на АП-НОРЦ.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Само околу една третина од возрасните Американци мислат дека Трамп направил нешто незаконско во случајот за прикривање пари, за кој изборот на поротата почна во понеделникот, додека речиси половина мислат дека тој направил нешто незаконско во другите три кривични случаи што се водат против него, според истражувањето, како јавува АП.

Повеќето испитаници се мошне скептични дека обвинителите праведно го водат случајот или дека судиите и поротниците се непристрасни во своите одлуки против Трамп, кој е обвинет за тајни плаќања на поранешната порноѕвезда Сторми Даниелс.

Само тројца од 10 Американци веруваат дека кој било од обвинителите што покренаа обвиненија против Трамп се однесувале праведно кон поранешниот претседател, а само два од 10 Американци се крајно или многу уверени дека судиите и поротниците во случаите против него можат да бидат фер и непристрасни.

Од друга страна, половина од Американците би го сметале Трамп неподобен за претседател доколку биде осуден за фалсификување деловни документи за да ги прикрие тајните плаќања на жена што рекла дека имал сексуален однос со неа.

Според анкетата, 35 отсто од Американците мислат дека Трамп направил нешто незаконско во врска со наводите за прикривање на плаќањата, додека тројца од 10 мислат дека направил нешто неетичко, но не го прекршил законот.

14 отсто од нив сметаат дека тој не направил ништо лошо.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ