сабота, 27 јули 2024

Повеќе од половина згради во Газа се урнати, а раселени се повеќе од 80 отсто од населението

Повеќе од половина згради во Газа се делумно или целосно урнати откако Израел ја почна одмаздата против Хамас за упадот на 7 октомври, покажува нова анализа на Би-би-си.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Детални снимки од воздух исто така покажуваат дека бомбардирањата на јужна Газа се интензивирани во последните неколку недели, по израелската препорака до жителите на Газа да се преселат таму бидејќи е безбедно.

Тоа се случува откако од Израел повеќе пати им беше порачано на жителите на Газа да одат токму на југ, за да бидат безбедни.

Низ цела Газа, станбените области се во урнатини, некогаш прометните трговски улици се претворени во прав и пепел, универзитетите се урнати, а земјоделските површини се уништени, додека на јужната граница на Газа никнуваат населби од шатори, каде засолниште бараат стотици илјади Палестинци кои останале брз покрив над глава.

Според податоците на Обединетите нации, околу 1,7 милиони луѓе – што е повеќе од 80 отсто од населението на Газа – се раселени, а речиси половина се сега на крајниот јужен појас.

Анализа на сателитските снимки, до кои дошол Би-би-си, покажува дека меѓу 144.000 и 175.000 згради низ Појасот Газа се делумно или целосно урнати, што е меѓу 50 и 61 отсто од зградите во Газа.

Кан Јунис е особено тешко погоден во последните недели, со повеќе од 38.000, односно со уништени 46 отсто од зградите, покажува анализата.

Кулата Ал фара со 16 ката, највисоката зграда која се наоѓала во центарот на градот, е срамнета со земја во бомбардирање на 9 јануари, а до темел се урнати и сите згради во околина.

Анализата на Би-би-си покажала дека израелската војска бомбардирала и голем дел од обработливите земјоделски површини, поради што тоа земјиште долго нема да може да се користи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ