Во Белград, Нови Сад и Ниш акцијата „15 минути молк“ започна во 23 часот и 52 минути.
Граѓаните ги кренаа мобилните телефони со запалени светла. На протестот во Ниш беа пуштени лампиони.
Građani i studenti skupili su se u Pionirskom parku, odakle su krenuli u šetnju ka Studentskom trgu, gde su odali počast nastradalima u nesreći na železničkoj stanicu u Novom Sadu uz 15 minuta tišine.
Kako je sve izgledalo pogledajte na našem snimku iz drona. pic.twitter.com/FfaQhRYOrn
— TV N1 Beograd (@n1srbija) December 31, 2024
Студентите во Србија кои најавија новогодишен протестен собир се собраа на Пионерскиот парк во Белград, а потоа во голема колона се упатија кон Студентскиот плоштад.
22.39h studenti stigli na trg slobode pic.twitter.com/BCPUe3DKqR
— zarko bogosavljevic (@zarkobns) December 31, 2024
Иако првата проценка беше дека во колоната во Белград има неколку илјади луѓе, во меѓувреме бројката беше значително зголемена, иако е тешко да се процени точната бројка, веројатно неколку десетици илјади луѓе, пренесува агенцијата Бета.
Според планот тие поминале низ централните градски улици, создавајќи громогласна бучава, која целосно згасна пред полноќ.
На рутата за која студентите најавија дека ќе поминат до Студентскиот плоштад имало бројни полициски екипи, кои целосно ги блокирале улиците и ги претресувале граѓаните кои излегоа на новогодишниот концерт на Плоштадот Република.
Nepregledna reka studenata! pic.twitter.com/ypCDr6AtV8
— Kreni-Promeni (@KPromeni) December 31, 2024
Според пишувањата на медиумите и објавите на социјалните мрежи, сите улици околу Плоштадот Република биле блокирани, па студентите решиле да го избегнат тој дел и без инциденти да стигнат до својата дестинација.
Наместо да поминат низ Плоштадот Република, тие поминале малку подолу, покрај Дом на млади, Дом на Војската, а потоа по тесната улица Браќа Југовиќ до „својот“ Студентски плоштад.
MNOGO nas je
jer su nam
MNOOOGO dužni. pic.twitter.com/xZGmSk87kR— Biljana Lukić (@BiljanaLuki) December 31, 2024
На чело на колоната стоел голем транспарент „Нема Нова, уште ни должите за старата“. Зад него стоеле транспаренти „2025 година на слобода“, „Несреќна нова година“, „Излези и бори се“, „За појадок јадам кобри“, „Нема место во овој град за нас двајцата“.
Се крена врева со свирежи и труби. Се слушаа извици „Исполнете ги барањата“ и „Студентите станаа“.
Bučni, solidarni, prkosni!
Nema Nove – zahtevi NISU ispunjeni! 🤚 #studenti #blokade #niš pic.twitter.com/Z35rGPQWO8
— Mateja (@MATEJANIKOLlC) December 31, 2024
Студентите на бројни факултети на Универзитетот во Белград, Нови Сад, Крагуевац и Ниш бараат исполнување на следните барања:
– објавување на целосна документација за реконструкцијата на железничката станица во Нови Сад;
– отфрлање на обвиненијата против уапсените и приведените студенти и младите на протестите по повод падот на настрешницата на железничката станица во Нови Сад;
– поднесување кривични пријави против напаѓачи на студенти и професори и нивно гонење;
– зголемување на средствата од буџетот на Србија за материјалните трошоци на државните високообразовни институции за 20 отсто.