сабота, 27 јули 2024

Повеќе од 350 падобранци скокнаа во Нормандија, пред одбележувањето на 80 години од Денот Д (ВИДЕО)

Повеќе од 350 падобранци денес скокнаа во Нормандија на одбележувањето на осумдесетгодишнината од истоварувањето на сојузничките сили во Нормандија, за време на Втората светка војна.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Скоковите се одржаа во близина на манастирот Мон Сен Мишел, бидејќи Сен (Свети) Мишел по католичката традиција се смета за заштитник на падобранците.

Падобранците, меѓу кои имало аматери а не професионални војници, скокнале од висина од 400 метри. Тие носеле тогашни сојузнички униформи и користеле стари округли падобрани, а некои носеле и знамиња на сојузничките земји.

Француските медиуми денес пренесоа дека во прославата учествувале и американски војници, дека во текот на денот на местото на слетувањето на падобранците ќе пее хор на воздушно-десантните единици на војската на Соединетите Американски Држави.

Во четврток, на 6 јуни, навршуваат точно 80 години од почетокот на операцијата позната како Ден Д, и една од клучните битки за победата над нацистичка Германија.

Истоварувањето во Нормандија, познато под шифрата „Операција Оверлорд“, е најголемата поморска инвазија во историјата на војувањето. Десантните сојузнички сили ги сочинувале 73.000 американски, повеќе од 60.000 британски и над 20.000 канадски војници, со поддршка од француски командоси.

Истоварувањето долж 80 километри брег почнало со ноќен падобрански десант на 23.000 луѓе, голем артилериски напад од воздух и море, по што на 6 јуни 1944 следел и успешен амфибиски десант во близина на Кан, град на северозападот на ФРанција.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ