четврток, 26 декември 2024

Повеќе од 20 милиони луѓе се соочени со глад на југот на Африка

На југот на Африка, каде сушата достигна критично ниво, повеќе од 20 милиони луѓе се соочуваат со глад.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Замбија и Малави сушата ја прогласија за национална катастрофа, а и соседен Зимбабве, каде околу 2,7 милиони луѓе се соочуваат со глад, е блиску до таква одлука.

Сушата зафати широко подрачје од Боцвана и Ангола на западот до Мозамбик и Мадагаскар на истокот на југот на Африка.

Како што пренесува Ал џезира, сушата ги спржила посевите од кои десетици милиони луѓе зависат за да преживеат.

Претседателот на Замбија Хакаинде Хичилема кажа дека се уништени милион хектари од 2,2 милиони основни посеви на пченка во неговата земја.

Малавискиот претседател Лазарус Чаквера побара 200 милиони долари хуманитарна помош.

Со катастрофално лошата годинешна жетва милиони луѓе во Зимбабве, јужен Малави, Мозамбик и Мадагаскар нема да можат да се прехранат до следната година.

Агенцијата на Соединетите Американски Држави за меѓународен развој УСАИД проценува дека на 20 милиони луѓе ќе им биде потребна помош во храна во јужна Африка во следните неколку месеци од оваа година.

Пред една година голем дел од овој регион беше на удар на големи тропски бури и силни поплави.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ