сабота, 21 декември 2024

Повеќе од 100 земји членки на ОН, меѓу кои и Македонија, го потпишаа писмото за поддршка на Гутереш

Повеќе од 100 земји членки на Обединетите нации го потпишаа писмото за поддршка на генералниот секретар на светската организација Антонио Гутереш, откако Израел го прогласи за непожелна личност.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Точно 105 земји го потпишаа писмото со кое се „изразува длабока загриженост и осуда на неодамнешната изјава на министерот за надворешни работи на Израел со која генералниот секретар го прогласува за непожелна личност“.

„Таквите акции ја поткопуваат способноста на ОН да го спроведуваат својот мандат, кој вклучува посредување во конфликтите и пружање хуманитарна поддршка. На Блискиот Исток, тоа би можело дополнително да го одложи прекинот на непријателствата и воспоставување кредибилен пат кон решението со две држави, а државите Израел и Палестина би живееле една покрај друга во мир и безбедност, во согласност со релевантните резолуции на ОН“, се наведува во писмото.

Меѓу земјите кои не го потпишаа писмото се САД, Британија, Австралија, Нов Зеланд, Канада и Индија. На списокот ги нема ни Италија, Германија, Австрија, Унгарија, Чешка, Полска, Романија, Бугарија и Украина.

Од регионот поддршката на Гутереш ја потпишаа Босна и Херцеговина, Црна Гора, Словенија и Македонија, додека Србија, Хрватска и Албанија не.

Во заедничкото писмо, 105 земји повикуваат на почитување на раководството и мисијата на ОН, на конструктивна соработка и избегнување акции кои би можеле да ја ослабат клучната улога на ОН во решавањето на конфликтите и на поддршка на инцијативите кои придонесуваат кон мирно и трајно решение на кризата на Блискиот Исток.

Потпишувањето на писмото за поддршка на Гутереш ја иницираше мисијата на Чиле во ОН, во име на групата составена од Бразил, Колумбија, Јужна Африка, Уганда, Индонезија, Шпанија, Гвајана и Мексико.

На почетокот на октомври израелскиот министер за надворешни работи Израел Кац го прогласи генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш за персона нон грата и му забрани влез во таа земја.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ