вторник, 7 јануари 2025

Повеќе од 1.500 универзитетски професори во Србија ги поддржаа студентите, списокот се шири

Повеќе од 1.500 универзитетски професори ги поддржаа денес со јавно писмо студентите во нивниот протест и барањата, а списокот на потписници постојано се шири.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Почитувани граѓанки и граѓани на Србија, ние, наставниците, соработниците и истражувачите на универзитетите низ Србија решително стоиме со нашите студенти во заедничката за подобро општество“, порачаа професорите на универзитетите во Србија.

Тие остро го осудија секој обид на властите да ги заплашат студентите со јавно споделување на нивните приватни податоци, со ширење невистини за нив, како и испраќање полициски службеници и агенти на безбедносната агенција БИА на нивните адреси и адресите на нивните родители.

„На овој начин повторно апелираме до надлежните органи совесни и одговорно да си ја вршат работата“, порачаа професорите.

Соопштението со списокот на потписници може да се погледне тука.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ