среда, 22 јануари 2025

Повеќе делови од скопските општини утре ќе останат без струја, а дел од Општина Центар и без вода

Без електрична енергија во среда, 22 јануари, ќе бидат корисниците од дел од општините Шуто Оризари, Бутел, Сопиште, Чаир, Ѓорче Петров, а без вода ќе бидат корисниците од дел од Општина Центар, соопштија од Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) на Град Скопје.

Објавено на

часот

Сподели

Како што информираа од РЦУК на Град Скопје поради планирани зафати во електродистрибутивната мрежа, во периодот од 9 до 12:30 часот без напојување со електрична енергија ќе останат дел од корисниците од улицата 2, делот кај отпадите меѓу Визбегово и Шуто Оризари.

Во период од 10 до 14 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од улица Бутелска 13 и улица Бутелска-крак Серава, а во период од 9 до 14 часот дел од корисниците од Горно Соње – улица 8.

Во период од 8 до 14 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците од улицата Никола Малешевски, сите четири влезови веднаш до ТС и до Пензионерски, улицата Ферид Мурати број 4 (пензионерски дом Чаир) и средно училиште Цветан Димов, а во период од 9 до 15 часот дел од корисниците во Волково и Стопански двор.

Во период од 8:30 до 9 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од улицата Архепископ Доситеј зграда број 2.

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од Водовод и канализација – Скопје соопшти дека поради дефект на П.П. Хидрант од ф -80 на улицата Максим Горки (кај Мепсо), со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците на потегот од плоштадот до Македонска пошта и дел од Орце Николов.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9 часот до завршување на работните активности.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ