петок, 1 март 2024

Повеќе од половина од парите за изборите ќе одат на рекламирање на партиите

Двојните избори кои ќе се спроведат во април и мај годинава државата ќе ја чинат речиси 17 милиони евра, соопшти потпретседателката на Државната изборна комисија (ДИК), Дитмире Шеху на денешната 73 седница, на која се изгласаа вкупно 22 точки на дневниот ред. Од нив, 10.614.000 евра се наменети за платено политичко рекламирање.

Фото: скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Шеху на денешната седница образложи дека над шест милиони евра ќе одат за организирање на изборите, со обезбедување на доверлив и недоверлив материјал, транспорт, паричен надоместок за избирачките органи, односно на членовите на општинските изборни комисии, избирачките одбори, додека за платено политичко рекламирање за двојните избори се предвидени 656 милиони денари или над 10.614.000 евра.

„За претседателските избори ќе се користат повеќе средства во делот на платено политичко рекламирање, затоа што во првиот круг за претседателски избори на сите учесници на изборите им следува по две евра за запишан избирач во Избирачкиот список. Исто така и по едно евро на кандидатите кои ќе бидат во вториот круг, исто така на запишан избирач. Додека за парламентарните избори по две евра на сите учесници во избори, исто така на запишан избирач. Тука само да наведам дека од вкупните средства што ги баравме од Министерството за финансии, сите средства ни се дадени, ни недостасуваат само во делот за платено политичко рекламирање. Со министерот за финансии се договоривме дека овие средства ќе ги надополнат, подоцна, бидејќи средствата за платено политичко рекламирање се плаќаат 30 дена по конечноста на резултатите и ова нема да влијае во текот на организирањето на изборите“, вели Шеху.

Членовите на Државната изборна комисија на денешната 73 седница сите предлог-одлуки или планови кои се поврзани со организирање на двојните избори ги донесоа едногласно.

Шеху посочи дека ДИК, нејзините членови и сите други вработени веќе една година се подготвуваат за двојните избори да поминат во фер, демократска атмосфера и да бидат безбедни. Таа ги демантираше информациите  во јавноста дека била против, идентификацијата на гласачи да биде со отпечаток од прст.

„Идентификацијата на гласачи ќе биде со отпечаток од прст, што беше усвоено и ставено во Законот од 2020 година, Бев споменувана од одредени политички партии дека како претставникот на ДУИ сум била да не кажам против, туку сум правела проблеми во ДИК и не сум сакала да има идентификација со отпечаток од прст. Тука сте вие колеги бидејќи на седница не сум го кажала тоа. Седниците се јавни и може да се потврди дали некогаш е разговарано на оваа тема“, рече Шеху.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ