Албански Топ чанел пренесува дека заменикот на генералниот директор на полицијата Сокол Бизга кажал дека се запленети 23 килограми наркотици, 45.000 евра и две парчиња огнено оружје.
Навел дека дрогата била најдена во близина на местото каде изгорел едреник кој доаѓал од Црна Гора, во кој се наоѓале двајца државјани на Украина.
„Едрилицата, во која се наоѓале двајца странски трговци, во момент кога биле опколени од странска државна полиција и пловило на Гарда ди финанца, била запалена за да се уништат нелегалните предмети кои се наоѓале на неа. Во оваа акција се запленети две огнени оружја, возило „ауди“, четири камери и пари во вредност од 45.000 евра“.
Полицијата објаснила дека акцијата почнала по дојава дека „глисер тргнал од лагуната Паток кон Курбин во правец на југозапад“, додека „едреникот под украинско знаме тргнал од Црна Гора“.
Дрогата би се разменувала во Јадранско Море 28 милји од лагуната Патоку.
Според Бизга, акцијата почнала на 14 август во вечерните часови и завршила на 15 август во попладневните часови.
Уапсени се шест лица, меѓу кои поранешен полициски функционер Арлинд Исмаилука.
Уапсени се и Армандо Мема (37) од Тирана, Нерим Цела (40) од Фуша-Куке, Бесник Брокери (51) од Валона, како и двајца Украинаци Кирил Пономаренко (39) и Константин Бијон (44).
„Паралелно со интервенцијата од море, службениците на специјалниот оддел РЕНЕА интервенирале од копно, во простории на угостителски објект во Паток, каде престојувале граѓани за кои се сомнева дека се поврзани со обидот за трговија со наркотици“, се наведува во соопштението.
Операцијата наречена „Морски пламен“ ја спровела државната полиција на Албанија во соработка со Италија и Фронтекс.