сабота, 27 јули 2024
Брифинг во Клиниката за детски болести

Потврдени се 410 случаи на голема кашлица, но проблем се и алергиите

Болни од голема кашлица има и во другите градови, не само во Скопје и Куманово каде е прогласена епидемија на пертусист, а од почетокот на годинава се регистрирани 410 случаи на голема кашлица, од кои шест се болнички лекувани на Детската клиника, главно доенчиња, рече на брифинг со новинарите директорката на ЈЗУ Универзитетска клиника за детски болести – Скопје, Валентина Цвејоска Чолаковска.

Објавено на

часот

Сподели

Таа истакна дека вакцинацијата против пертусис се одвивиа на задоволително ниво, додавајќи дека подолго време нема хоспитализирано дете со пертусис на оваа клиника.

„Сега доаѓа период на алергии. Доминираат сега деца со алергиски симптоми кај нас. Вакви алергии сме немале, кон средината на овој век се смета дека секое второ дете ќе биде со некаква алергија. Но, тоа не е само кај нас, туку во светски рамки“, подвлече директорката, појаснувајќи дека има многу причини за зголемување на алергиите кај децата, споменувајќи ги меѓу другите и аерозагадувањето и тоа, каква е исхраната.

Во однос, пак, на состојбата на лицата со ретката болест цистична фиброза и лекот трикафта, таа рече дека процедурата за набавка на овој лек завршила минатата недела, по јавен тендер спроведен во март.

„Минатата недела беа потпишани договори и се порача лекот. Очекуваме да стигне овој месец, лекот ќе биде за сите над 12 години, а за кои е прилагоден“, рече Цвејоска Чолаковска.

Одговарајќи на новинарско прашање директорката информира дека има и деца и под 12 години кои примаат трикафта.

„Тендерот за овој лек е склучен до крај на годината. Пациенти подобни за трикафта, над 12 години, се 67 лица. Досега се вклучени приближно половина, а набрзо, најави директорката, сите ќе бидат со терапија.

 

Во врска со хормонот за раст, терапија за деца, директорката нагласи дека ФЗО одобрува средства за сите деца на кои им е потребен. Притоа се осврна и на новини во обезбедувањето нова терапија, како и реновирања на простории, состојба со медицински кадар.

„Амбулантата за неврологија сега се реновира, постојано гледаме да ги подобриме условите за нашите пациенти. Во моментот немаме дефицит на лекари, можеби има на сестри, но, имавме конкурс и примивме 14 сестри во редовен работен однос пред да почне предизборието. Планираме по изборите, да почнеме повторно со таа постапка за вработување. Немаме дефицит на доктори, ни требаат уште медицински сестри“, посочи таа одговарајќи на новинарско прашање.

На брифингот, на кој беше разгледано и тековното работење на Клиниката во првите три месеци од годинава, Цвејоска Чолаковска информираше дека крајот на минатата година не се разликувал од останатите, кога станува збор за грипот и сличните вирусни инфекции.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ