петок, 25 октомври 2024

Потврден е првиот случај на мајмунски сипаници во Европа

Шведската агенција за јавно здравје го забележа, како што беше најавено, првиот случај на нова, заразна варијанта на мајмунски сипаници надвор од африканскиот континент.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Лицето се заразило додека престојувало во областа на Африка каде што има голема епидемија на сипаниците клејд I, соопшти агенцијата.

Вчера СЗО прогласи глобална вонредна состојба за јавното здравство по втор пат во последните две години, по избувнувањето на вирусната инфекција мајмунски сипаници во Демократска Република Конго, која се прошири и во соседните земји.

Мајмунските сипаници може да се пренесат со близок контакт. Во ретки случаи, тие се фатални, а симптомите се претежно благи. Тие предизвикуваат симптоми слични на грипот и гнојни лезии на телото.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ