"I miss bread."
And when the journalist asked her, "Does your father bring you bread?"
She said, "He is in heaven."
And she began to cry. pic.twitter.com/OGrXtAMrqW
— Warfare Analysis (@warfareanalysis) February 20, 2024
Светската програма за храна (ВФП) ги паузираше клучните испораки на храна за северна Газа поради тоа што конвоите со помош претрпеле „целосен хаос и насилство поради колапсот од војната“, пренесува Би-би си.
Агенцијата вели дека одлуката била тешка но дека нивните вработени во Газа се соочиле со пукање и грабежи. Обединетите нации од декември предупредуваат на гладот на северот на Газа.
ВФП соопшти дека најновите извештаи се доказ за „наглото паѓање во глад и болест“.
Израелската војска им нареди на 1,1 милион палестински цивили да се евакуираат од сите области северно од Вади Газа и да се засолнат на југот пред почетокот на копнената офанзива во октомври. Областа за евакуација го вклучуваше и градот Газа, кој пред војната беше најгусто населен во енклавата.
Повеќето Палестинци ја послушаа израелската наредба, но неколку стотици илјади решија да останат или не можеле да избегаат откако израелските трупи ја опколија областа и ја преземаа контролата.
Минатиот месец агенцијата на ОН за палестинските бегалци УНРВА кажа дека најмалку 300.000 луѓе кои останале на северот на Појасот Газа зависат од нејзината помош за да опстанат. Доставите на помош на северот се ретки и зависат од дозволи од израелската војска.
ВФП кажа дека во последните два дена неговите тимови „сведочеле на невидени размери на очај“ во Појасот Газа.
„Храната и водата станаа неверојатно ретки, а болестите се раширени, загрозувајќи го прехранувањето и имунитетот на жените и децата и резултирајќи со акутна потхранетост. Луѓето веќе умираат од глад“, се наведува.
Најмалку 90 отсто од децата помлади од пет години во Газа имаат една или повеќе заразни болести, според заедничката проценка на агенциите на ОН за деца, храна и здравје. Седумдесет отсто имале дијареја во двете недели пред изработката на проценката, што е зголемување од 23 отсто во споредба со податоците од 2022.
„Гладот и болеста се смртоносна комбинација“, кажа функционерот на Светската здравствена организација задолжен за итни ситуации Мајк Рајан. „Гладните, ослабени и длабоко трауматизирани деца почесто заболуваат, а болните деца, особено со дијареја, не можат добро да ги апсорбираат хранливите материи“, кажа тој.
„Тоа е опасно и трагично и се случува пред нашите очи“, истакна Рајан.