понеделник, 16 декември 2024
„Сериозен безбедносен пропуст“

Потрага по шпионот – САД го истражуваат изворот на протекување на доверливи документи

Објавено на

часот

Сподели

Официјални лица рекоа дека широчината на темите опфатени во документите – од војната во Украина, до прашања поврзани со Кина, Блискиот Исток и Африка – укажуваат повеќе на Американец, отколку на сојузник.

„Сега фокусот е дека ова е американско протекување бидејќи голем број документи ги поседуваа само САД“, изјави за Ројтерс поранешниот висок функционер на Пентагон, Мајкл Малрој.

Американските власти рекоа дека истрагата, која сè уште е во рана фаза, не ја исклучува можноста дека проруски елементи се поврзани со протекувањето на документите, што се смета за најсериозен безбедносен пропуст од 2013 година, кога повеќе од 700.000 документи беа објавени на Викиликс.

Руската амбасада во Вашингтон и Кремљ не одговорија на барањето за коментар.

Двајца американски функционери изјавија за Ројтерс во неделата дека не ја исклучуваат можноста документите да се фалсификувани за да се доведат во заблуда истражителите или да се шират лажни информации на штета на САД.

Ројтерс вели дека не ја потврдил автентичноста на документите, но се чини дека некои податоци за проценките на жртвите на бојното поле во Украина се изменети за да се минимизира бројот на руски жртви.

Американските разузнавачки агенции и војската истражуваат колку често чувствителни документи интерно се споделуваат и ги разгледуваат можните мотиви за протекувањето од страна на американски функционер или група.

Истрагата е фокусирана на неколку теории – од незадоволен вработен до внатрешна закана која сака да ги поткопа американските национални интереси.

Иако доверливите документи беа објавени пред неколку недели, за тоа првпат извести во петокот Њујорк Тајмс.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ