среда, 23 октомври 2024

Потпретседателскиот кандидат на Трамп до Европа: САД не се обврзани да ве бранат

Републиканскиот кандидат за потпретседател на Соединетите Американски Држави Џеј Ди Венс кажа дека тврдењето на актуелните американски власти дека Русија им се заканува на европските земји не се точни, но и дека Вашингтон не е обврзан да се однесува како бранител на Европа.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Кога администрацијата на потпретседателката на САД Камала Харис вели дека „ако не го сопреме Путин во Украина, тој ќе маршира сè до Германија“, тоа како прво не е точно. Второ, што тоа кажува за германските одбранбени капацитети? Тие се четврта или петта најголема економија во светот, и ако не можат да одбијат руски напад, тоа не значи дека Америка всушност би требало да служи како чувар на Германија“, кажа Венс за порталот Семафор. Додаде дека тоа значи дека Германците треба да вложуваат во сопствената одбрана.

Соединетите Држави, како што кажа, не би требало да служат како заштитник на безбедноста на Германија, како и на другите европски земји.

„Ако Доналд Трамп победи на претседателските избори, САД ќе го зајакнат своето пријателство со Европа, но ќе бараат од своите сојузници самодоволност, пред сè во енергетската и безбедносната сфера“, истакна Венс.

Претходно рускиот лидер Владимир Путин кажа дека западните политичари редовно го застрашуваат своето население со измислена руска закана за да го свртат вниманието од внатрешните проблеми, но дека „паметните луѓе совршено разбираат дека тоа е лага“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ