среда, 11 декември 2024

Потпретседателот на израелскиот парламент: Кнесетот е едногласен дека треба да има одговор на синоќешниот напад од Иран

Потпретседателот на израелскиот парламент и пратеник во Кнесетот, Ханок Милвидски, за Би-би-си изјави дека во израелската влада постои консензус дека треба да се одговори на синоќешниот напад на Иран со дронови и ракети на израелска територија.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

„Знаевме дека (нападот) ќе дојде, имаше многу очекувања и бевме многу среќни што заврши како што заврши, барем во оваа рунда“, изјави за Би-би-си, Ханок Милвидски, член на партијата Ликуд на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Запрашан дали верува дека има слична едногласност во израелскиот воен кабинет, кој беше формиран по избувнувањето на војната меѓу Израел и Хамас во Газа, тој рече: „Апсолутно“.

Милвидски додаде дека мисли дека „никој со здрав ум не може да очекува дека нема да возврати по стотиците проектили истрелани“ од Иран кон Израел.

Признавајќи ја желбата на САД да ја фокусираат дипломатијата на избегнување понатамошна воена ескалација, тој рече дека ова е „многу клучен период во историјата на Израел“.

„Се бориме за нашите животи. Ние и во овие времиња се бориме за нашата втора независност. На крајот, Израел треба да го направи она што е правилно за Израел. Секако дека слушаме, се консултираме со сите наши пријатели во светот, но на крајот последниот збор треба да биде наш“, нагласи за Би-би-си заменик-претседателот на израелскиот парламент и пратеник во Кнесетот, Ханок Милвидски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ