сабота, 27 јули 2024

Потпретседателката на САД: Нема изговор за Израел, луѓето во Газа гладуваат

Американската потпретседателка Камала Харис повика на моментално спроведување на шестнеделно примирје во Газа за да се овозможи прилив на повеќе помош во опколената палестинска енклава и ослободување на заложниците кои ги држи палестинската екстремистичка група Хамас.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Имајќи ги предвид големите размери на патењето во Газа, мора да дојде до моментален прекин на огнот, најмалку во следните шест недели“, кажа Харис, на одбележување на 59-годишнината од „Крвавата недела“ во Алабама, кога полицајците ги претепаа американските демонстранти за граѓански права пред речиси шест децении.

Таа отворено го прозва Израел дека не прави доволно за да ја ублажи хуманитарната катастрофа во Газа додека администрацијата на претседателот Џо Бајден се соочува со сè поголем притисок да го заузда својот близок сојузник во војната во Газа.

„Луѓето во Газа гладуваат. Условите се нехумани и нашата заедничка човечност нè тера да дејствуваме“, кажа Харис. „Израелската влада мора да направи повеќе за да го засили протокот на помош. Нема изговор“, додаде потпретседателката на САД.

Таа порача дека Израел мора да отвори нови гранични премини, да не наметнува „непотребни ограничувања“ на испораките на помош, да го заштити хуманитарниот персонал и конвоите и да работи на повторно воспоставување на основните услуги и промовирање на редот за „повеќе храна, вода и гориво да можат да дојдат до оние на кои им се потребни“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ