сабота, 21 декември 2024

Потпишување на кредиот од Унарија на 8 октомври

Наредниот вторник, на 8 октомври во Будимпешта ќе биде потпишан договорот за унгарскиот кредит во висина од 500 милиони евра.

Објавено на

часот

Сподели

Министерката за финансии Гордана Димитриевска-Кочовска денеска изјави дека на 8 октомври.

„ На 8 октомври заминувам и тој ден ќе се потпишува кредитот во Будимпешта, Очекувам до крајот на следната недела парите да легнат на буџетските сметки“, изјави Димитриевска-Кочовска во изјава за медиумите во Штип.

Премиерот Христијан Мицкоски го договори заемот од 500 милиони евра  со унгарскиот премиер Виктор Орбан за време на учеството на Самитот на НАТО во Вашингтон. Условите под кои е земен кредитот, како што информираше неколкупати досега премиерот, се поволни – камата од 3,25 проценти со три години грејс период и 12 години рок на отплата.

Законот за унгарскиот кредит беше изгласан во македонското собрание на 17 септември. Половина од парите од кредитот ќе бидат наменети за бизнис-секторот, а другата половина за проектите на општините.

На јавниот повик што го распиша Министерството за локална самоуправа пристигнати се 357 апликации од 80 општини. . „Нашите очекувања во целост се исполнија. Во оваа прва фаза општините ќе ги подржиме со близу 100 милиони евра, а веќе од наредната година ќе бидат достапни нови 250 милиони евра за кога е планиран и нов повик. Сега се на ред ресорните министерства. Во рок од 10 дена треба да се достави целосната проектна документација од страна на општината до ресорното министерство од областа на проектот, кое ќе врши евалуација на проектот. Се очекува евалуацијата да заврши во рок не подолг од 10 дена, по што ресорните министерства треба да изготват предлог-одлука кои проекти ќе се финансираат од нивната област и да ја достават на усвојување на владина седница“, истакна министерот за локална самоуправа Златко Перински на прес-конференција во Владата.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ