среда, 15 јануари 2025

Потпишан е договор за соработка меѓу Македонија 2025 и Фондацијата Ѓорѓи Марјановиќ

Објавено на

часот

Сподели

Согласно Меморандумот, страните се сложија да работат заедно на развој и имплементација на проекти од заеднички интерес, кои вклучуваат образование и сертификација на учесници во обуки, тренинзи, курсеви, академии и слични активности. Со овој меморандум се поставува темел за долгорочно партнерство кое ќе им овозможи на обете страни да организираат и имплементираат проекти од заеднички интерес.

„Оваа соработка ни дава можност да креираме и поддржиме проекти кои ќе имаат позитивен влијание врз нашето општество”, изјави Никица Мојсоска Блажевски, главен извршен директор на Македонија 2025, огранок во Република Македонија. „Веруваме дека со заеднички напори ќе можеме да придонесеме кон подобрување на образованието и развојот на нашето општество”.

Овој Меморандум им овозможува на двете страни да ги имплементираат нивните идеи и концепти преку различни начини на соработка, вклучувајќи и подготовка и имплементација на образовни програми, учество во настани за промоција на проектите и обезбедување на услови за обуки и активности за студенти од различни демографски структури.

Фондацијата Ѓорѓи Марјановиќ е непрофитна организација посветена на поттикнување на образованието, лидерството и социјалниот развој во Македонија. Со фокус на зајакнување на младите и култивирање на идни лидери, Фондацијата работи неуморно да инспирира позитивни промени и да придонесе за растот и просперитетот на земјата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ