понеделник, 21 октомври 2024

Потпишан договор меѓу МОК и ЕОК за организација на Европскиот олимписки младински фестивал во Скопје во 2025 година

Објавено на

часот

Сподели

Даниел Димевски претседател на МОК изјави дека МОК е подготвен за комплетна реализација на настанот.  

– Подготвени сме да го прифатиме предизвикот да бидеме домаќини на летното издание на Европскиот младински олимписки фестивал во 2025 година и да организираме незаборавен европски мултиспортски настан за млади спортисти. Привилегирани сме што ја имаме оваа неверојатна можност и извонредна обврска да бидеме домаќини на најдобрите млади европски спортисти благодарение на довербата на Европските олимписки комитети. Од организациски аспект претстои многу работа, но имајќи предвид дека зад нас ги имаме Европските олимписки комитети, но и Владата на Северна Македонија и градоначалникот на Град Скопје кои со големо задоволство ја примија оваа прекрасна вест, можеме само кажете дека сме подготвени да реализираме неверојатни игри во Скопје 2025! – истакна Димевски. 

Годинешното издание на Европскиот олимписки младински фестивал се одржуваше во Марибор каде присуствува повеќе од 2400 спортисти и околу 1000 официјални претставници, во 11 спортски дисциплини. Првото издание на фестивалот се одржало во Брисел во 1991 година каде што младинци на возраст од 14 до 18 години се натпреварувале на интернационалниот настан. Северна Македонија ќе биде една од 25. европски земји кои биле домаќини на зимски и летни игри и 16-та во која ќе се одржи летното издание.
 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ