сабота, 26 октомври 2024
Заседавеше Кризниот штаб во Крива Паланка, првична информација за штетите

Поткопани свлечишта и опасни наноси, извлечени луѓе со мотори, однесени приколки и пешачки мостови

Објавено на

часот

Сподели

По увидот од терен било констатирано дека до сега има четири пријави од граѓани за поткопување, свлечиште и опасни наноси.

„Се врши и координација за дејствување со механизацијата според приоритетите и можностите. Ударниот бран од надјодената вода на Крива Река бил околу еден метар повисоко од утринското ниво на реката. На одредени млади луѓе кај Куков Дол им е помогнато да се извлечат, бидејќи заглавиле со скутерите и моторчиња во вода мислејќи дека ќе ја поминат реката. Одредени приколки што биле покрај коритото на реката кај Думачки дол се однесени. Таму ѓраѓаните покажале солидарност и им помагале на загрозените, а и на тимовите кои поставувале вреќи со песок. На сите места и мостови каде што при увидот се константирани штети или опасност, се поставени бариери за превентивно да се сопре движењето до утринско прегледување на дневна светлина. Има поголем одрон на стариот пат кон локалниот манастир, што ќе се расчистува утре во текот на денот. Констатирано е дека граѓаните оставале многу дрва, гуми, приколки и други материјали покрај коритото. После  месноста Сречково има поголем одрон, а кај вториот мост кај Трново е комплетно однесен брегот и во тој дел кон местото Луке има свлечишта.

Како што соопшти Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ) поради свлечиште целосно е во прекин сообраќајот на патниот правец Крива Паланка – село Луке.

Крива Река и Киселичка Река вечерва се излеаја и предизвика големи штети, однесени се пешачки мостови, поплавени се домови на граѓаните, а селото Тлминци со над дваесетина жители е отсечено. Во поплавена куќа во местото викано Толинци кај Пролетер во Крива Паланка има луѓе кои треба да се евакуираат. Осички Мост, мостот на Трновска река и Шаров Мост се превентивно затворени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ