сабота, 27 јули 2024

Поткаст Тет а тет – муабети за тетовирањето и уметноста зад него (ВИДЕО)

Во етерот има нов поткаст, посветен на уметноста на тетовирањето, но и уметноста воопшто. Гости се истакнати урбани уметници, познати градски девојки и момци, а домаќини се во најмала рака подеднакво талентираните Марко Тасевски и Борјан Николовски.

Принскрин: Јутјуб

Објавено на

часот

Сподели

„Доколку сте заинтересирани за тетовирање и ликовна уметност, овој поткаст е за вас. Истражувајте ја уметноста зад секоја тетоважа. Од техниките и влијанијата, до приказните зад нив. Откријте ги последните трендови од интервјуата со искусните уметници и вдишете креативност за вашата следна уметничка авантура. Придружете ни се денес и почнете да го истражувате светот на тетовирањето и ликовната уметност!“, порачуваат Марко и Борјан.

Поткастот се вика Тет а тет (TATT A TATT), и веќе има неколку епизоди. Последната епизода е со извонредната Емилија Пендева, а вие самите проценете колку ви се допаѓа – ние може да сме субјективни за нашите другари.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ