понеделник, 9 декември 2024

Потеклото на короната: Кинеските научници објавија долгоочекувани податоци

Објавено на

часот

Сподели

Со поврзувањето на вирусот со животните што се продаваат на пазарот би можело да се отворат нови линии на истражување за тоа како започнала епидемијата. Истражувањето открива дека брисевите кои биле позитивни на вирусот содржеле генетски материјал од диви животни.

Некои научници велат дека ова е дополнителен доказ дека болеста првично била пренесена од заразено животно на човек. Но, други истражувачи повикаа на претпазливост во толкувањето на наодите и останува нејасно зошто биле потребни три години за да се објави генетската содржина на примероците.

Друга теорија се фокусира на претпоставката дека вирусот случајно протекол од лабораторија во Вухан. Кинеските истражувачи онлајн ја објавија првата верзија на својата студија во февруари, но не ги објавија целосните генетски информации содржани во примероците собрани од пазарот.

Друга меѓународна група истражувачи подоцна издаде сопствена проценка за она што го открија тие клучни брисеви од пазарот, откако забележале дека генетските секвенци биле објавени на веб-страница за размена на научни податоци.

Оваа нова анализа, која беше потврдена од други научници пред да биде објавена во списанието Нејчр, вклучува доста важни детали за содржината на тие примероци кои биле собрани од тезги, површини, кафези и машини внатре на пазарот.

Работата на кинеските истражувачи покажа дека некои примероци – собрани од области каде што се продавале диви животни – биле позитивни на вирусот. Нивната анализа, исто така, покажа дека животните за кои сега се знае дека се подложни на вирусот, особено ракуните, се продавале живи на тие места.

Сепак, кинеските истражувачи нагласија дека нивните наоди не се дефинитивен доказ за тоа како започнала пандемијата. „Овие примероци од околината не можат да докажат дека животните биле заразени“, се објаснува во студијата. Останува можноста, се додава во студијата, вирусот да бил внесен на пазарот од заразено лице, а не животно.

Професорот Дејвид Робертсон од Универзитетот во Глазгов е виролог кој е вклучен во генетско истражување за потеклото на САРС-КоВ-2 од неговото појавување во 2020 година. „Она што е најважно, е дека оваа многу важна база на податоци сега е објавена и достапна за другите да работат“, изјави Робертсон за Би-би-си.

Но, тој додаде дека содржината на примероците е убедлив доказ дека животните таму најверојатно биле заразени со вирусот: „Целиот збир на докази е важен. Кога ќе го комбинираме ова со фактот дека раните случаи на ковид-19 во Вухан беа поврзани со пазарот, имаме силни докази дека тука се случил пренос од животно на пазарот“.

Овие наоди се објавени во време кога теоријата за протекување на вирусот од лабораторија добива се повеќе поддржувачи во државните институции на САД. Кинеската влада силно ги отфрли сугестиите дека вирусот потекнува од научна установа, но ФБИ рече дека верува дека тоа сценарио е „најверојатно“, како и американското Министерство за енергетика.

Различни американски служби и агенции ја истражуваа оваа мистерија и дојдоа до различни заклучоци, но на 1 март директорот на ФБИ го обвини Пекинг дека прави сѐ што е во негова моќ за да се обиде да ја спречи и замагли вистината и откри дека бирото долго верувало во теоријата за протекување од лабораторија. ФБИ не ги објави своите наоди јавно, што ги фрустрира некои научници.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ