петок, 26 јули 2024

„Постојано зборуваме дека треба да учиме од грешките и пак е исто“

Македонската ракометна репрезентација синоќа доживеа уште еден убедлив пораз на Европското првенство, загубивме од Германија со девет голови разлика.

Објавено на

часот

Сподели

Елементите од играта во кои потфрливме против Франција, ги пресликавме и на дуелот со Германија. Повторно правевме многу технички грешки, а противникот тоа го казнуваше.

„Ова е една од поубавите атмосфери во кои играла македонската репрезентација. Германците покажаа дека се одлични домаќини, нивната селекција доби голема поддршка од трибините и одигра совршен натпревар. Македонија парираше колку што можеше, но на крајот пресуди квалитетот. Германија е квалитетна репрезентација која мислам дека има високи амбиции. Нас ни останува да работиме и да учиме од подобрите“, кажа Пешевски.

„Ако ги сведеме нашите грешки на минимум, мислам дека разликата требаше да биде помала. Повторно имаме голем број технички грешки, иако постојано зборуваме да бидеме подобри на следниот натпревар и да учиме од грешките, но мислам дека разликата во квалитет беше видлива на теренот. Имаме и ние борци и ракометари кои може да се носат со германската репрезентација, но тие имаат и една моќна Бундеслига со 20 тимови која создава ракометари и тоа може да се забележи на теренот“.

Следниот меч на Македонија е утре (вторник) со почеток од 18 часот против Швајцарија.

Од Берлин за МКД.мк
Ристе Ѓорѓиевски

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ