понеделник, 16 декември 2024

Постигната откупна цена цена за тутунот од 400 денари и дополнително 100 денари денари за килограм

Од Владата известуваат дека за прв пат после 7 години, постигнат е историски договор со тутунопроизводителите.

Објавено на

часот

Сподели

„По разговорите со откупувачите на тутун и тутунопроизводителите се донесе одлука за зголемување на цената откупен тутун по килограм од 400 денари, како и дополнително 100 денари субвенции. Ова значи дека секој тутунар ќе добие по 500 денари за килограм тутун.

После долги години на понижување, омаловажување, тутунарите го добиваат заслуженото. Владата преку низа на мерки и проекти ги решава наталожените проблеми со кои се соочуваат тутунарите.

Само три дена претходно Владата по интензивни средби со оризопроизводителите донесе одлука да се поддржи откупот со по 6.000 денари за 1.000 килограми откупена оризова арпа наменета за извоз, како и субвенции од 18.000 денари од хектар за тековната година.

Со ова директно помагаме на земјоделците и ги вреднуваме нивната мака и труд. Земјоделците заслужуваат пристојни услови за живот“, се вели во соопштението на Владата.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ