сабота, 19 октомври 2024

Постигнат договор за транзит на украинското жито со пет источни членки на ЕУ

Објавено на

часот

Сподели

Бугарија, Унгарија, Полска, Романија и Словачка воведоа ограничувања на увозот на украинските житарки, тврдејќи дека тие завршуваат на нивните пазари и ги намалуваат цените на локалните произведувачи.

Потпретседателот на Европската комисија Валдис Домбровскис кажа дека ЕК и земјите членки постигнале начелен договор „за да се одговори на загриженоста на фармерите и во Европската Унија, но и во Украина“.

Тој додаде дека договорот вклучува заштитни механизми за четири производи – пченица, пченка, маслена репка и сончогледови семки – но не објасни што точно тоа значи.

Договорот вклучува и 100 милиони евра за локалните земјоделци, кажа Домбровскис.

Тие пет источноевропски држави станаа транзитни за украинското жито откако превозот преку Црно Море беше прекинат по почетокот на руската инвазија на Украина минатиот февруари.

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лаен го поддржа договорот и напиша дека „тој ги зачувува извозните капацитети на Украина за таа да продолжи да го храни светот, но и средствата за живот на нашите фармери“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ