недела, 3 март 2024

Поставување камен-темелник на проектот со „Бехтел и Енка“

Објавено на

часот

Сподели

Како што соопшти владината прес-служба, покрај Ковачевски, на настанот, меѓу другите, ќе присуствуваат и ќе се обратат и првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми.  

Делницата Тетово – Гостивар од Коридорот 8 ќе ја гради американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“, со кого Владата на 8 март годинава потпиша договор за изградба на четири автопатски делници во должина од 108,8 километри.

Изградбата на делницата Тетово-Гостивар во должина од 17,5 километри, според првичните пресметки, ќе чини 125 милиони евра.

Останатите три делници опфатени со договорот со „Бехтел и Енка, чија вредност е 1,3 милијарди евра, без средствата за експропријацијата и проектирање, се Гостивар – Букојчани, Требениште – Струга – Ќафасан и Прилеп – Битола. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ