сабота, 27 јули 2024

Поставени 70 заштитни столбови на повеќе улици во Скопје

Објавено на

часот

Сподели

Заштитни столпчиња екипите на ЈП Улици и патишта денеска поставуваат на улицата Јордан Мијалков, на која во изминатите денови веќе поставија 30  столпчиња. 
Екипите деновиве поставија и над 40 заштитни столпчиња на булеварот Кузман Јосифовски Питу, булеварот Трета македонска бригада, на крстосницата на  булеварот Јане Сандански со улицата Фрањо Клуз и на улицата Васил Ѓоргов.
Екипите на ЈП Улици и патишта ќе продолжат да  поставуваат заштитни столпчиња и во наредниот период на сите сообраќајници за да се олесни движењето и да се зголеми  безбедноста на пешаците и за да се спречи непрописното паркирање на возилата, соопшти Град Скопје.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ