сабота, 19 октомври 2024
И покрај тоа што напаѓачот има само уште една година од договорот

Поставена огромна цена: ПСЖ за продажба на Мбапе бара 180-200 милиони

Објавено на

часот

Сподели

Иднината на Килијан Мбапе е топ тема во светот на фудбалот откако напаѓачот синоќа со писмо го известил раководството на ПСЖ дека нема да ја искористи опцијата да ја продолжи соработката до јуни 2025.

Се говори дека лидерите на клубот се шокирани бидејќи клаузулата во корист на Килијан Мбапе можела да се активира во 31. јули, и не им е јасно зошто играчот уште сега повлекол ваков потег, особено што бил опипуван терен за нов договор и веќе биле одржани серија преговори.

Тие исто така се разочарани што информациите за писмото протекле во медиумите.

„Светците“ не сакаат беспари да го загубат Французинот, па доколку фудбалерот не стави потпис на нов договор, ќе биде продаден.

Но и покрај тоа што Килијан Мбапе има само уште една година од актуелниот договорот, ПСЖ нема да им даде никаков попуст, медиумите од Франција пренесуваат дека ПСЖ ќе бара помеѓу 180 и 200 милиони евра за продажба на напаѓачот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ