Според официјално објавените податоци, шестмина се на возраст од 21 година, а на возраст од 18 и 36 години загинати се по четири лица. На 16-годишна возраст загинати се тројца, исто толку и на 17-годишна возраст и на 25 години. По двајца загинати има на 20, 23, 27, 31, 38 и 44 години. По еден загинат има на возраст од 19, 29, 32, 33, 43, 47 и 48 години.
Во Кочани денеска се погребани триесет и едно лице од 59, колку што загинаа во пожарот во дискотеката „Пулс“ во неделата рано наутро. Останатите жртви беа погребани во Скопје, Штип и Облешево.
Погребната церемонија во Кочани започна напладне, а со неа чиноначалствуваше поглаварот на Македонската православна Црква -Охридска архиепископија г.г. Стефан. Церемонијата на давање последна почит се одржа по посебни протоколи.
Денеска се погребани и членовите на бендот ДНК кои починаа во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани . Пејачот на бендот Андреј Ѓорѓиески, е погребан на градските гробишта Бутел, а членката на бендот и професорка на Факултетот за музичка уметност (ФМУ), Сара Пројковска на гробиштата во Лисиче. Погребот на младиот музичар од Струмица, тапанар на бендот, Ѓорѓи Ѓорѓиев е на градските гробишта во Струмица.
Трагичната несреќа се случи рано во неделата, на 16 март, во дискотеката „Пулс“ каде настапуваше групата „ДНК“. Во несреќата животот го загубија и повеќе членови на групата.
Од Министерството за здравство денеска ги објавија имињата на сите загинати во пожарот во дискотеката во Кочани. Изразувајќи сочувство до семејствата на жртвите, од министерствто уште еднаш изразуваат тага дека „не постои збор со кои можеме да ја искажеме болката и тагата која ја чувствуваме за прерано изгубените животи во трагичниот настан во пожарот во Кочани“.
- Алексова Стефанија – 2004 г.
- Џамов Јорданчо – 1993
- Трајчев Иван – 2000
- Ѓоргиев Џоко – 2000
- Коларов Александар – 1981
- Величков Иван – 1998
- Стојанов Андреј – 2000
- Антова Ивона – 2003
- Христовски Павел – 2004
- Димитријев Диме – 1994
- Насевски Никола – 2007
- Богданов Тоше – 1994
- Тодоровски Тоше – 1988
- Коцева Ана – 2004
- Живков Адријан – 2000
- Петрушов Гордан – 2001
- Горгиев Игорче – 1976
- Стевановски Филип – 1988
- Стојанов Томче – 2003
- Стоименова Моника – 1999
- Стојанов Стојанчо – 1988
- Пројковска Николовска Capa – 1977
- Шопова Марија – 1997
- Ивановски Петар – 2004
- Ѓорѓиев Александар – 1991
- Марковски Матеј – 2007
- Закова Бојана – 1997
- Василков Ѓорѓи – 1999
- Петров Александар – 1999
- Минова Драгана – 2008
- Алексова Capa – 2006
- Ѓорѓиески Андреја – 1982
- Ивановски Филип – 2008
- Јорданова Capa – 2007
- Стрезоска Марија – 2001
- Ефремов Александар – 1992
- Велков Игор – 1980
- Тасева Стојковска Лепа – 1998
- Атанасовски Мартин – 1996
- Алексов Александар – 1986
- Минов Божидар – 2001
- Милковска Кети – 1999
- Златков Томас – 2003
- Соколова Стефанија – 2005
- Велков Леонид – 2007
- Наунова Надица – 2007
- Јорданов Виктор – 2000
- Панов Андреј – 2000
- Иванов Димитар – 2008
- Стоименов Спиро – 1998
- Владимиров Јове – 1993
- Андонов Ице – 2003
- Тасевски Стефан-1988
- Величков Ѓорѓи – 1994
- Стојанов Александар – 1986
- Христова Сања – 1999
- Танески Дамјан – 2006
- Спасова Моника – 1998
- Лазаров Андреј – 1999