сабота, 27 јули 2024

Последниот товарен брод со украинско жито прегледан пред истекот на договорот

Објавено на

часот

Сподели

Заедничкиот координациски центар го завршил прегледувањето на бродот, наведоа ОН и додадоа дека тоа бил 1.972 преглед на товарен брод од 1 август 2022 година за извоз на украинско жито преку Црно Море.

Товарниот брод под турско знаме го напуштил пристаништето Одеса во неделата и стигнал вчера на местото за инспекција северно од Истанбул на Црно Море, се додава во соопштението.

Центарот е одговорен за надзорот на примената на договорот потпишан во Истанбул во јули 2022 меѓу Украина, Русија, Турција и ОН:

Секој брод кој доаѓал од украинските пристаништа морал да ја помине инспекцијата. Тоа е последниот преглед на некој брод бидејќи договорот истече ноќеска.

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјави дека договорот престанува да важи и нема да биде продолжен бидејќи неговиот дел од се однесува на Москва не е исполнет.

Москва веќе неколку недели се закануваше дека нема да го обнови, жалејќи се на пречките на испораките на сопствените земјоделски производи и ѓубрива кои се дел од тој договор.

Потпишан во јули 2022 во Истанбул и веќе два пати обновуван, договорот со кој на Киев му се дозволува да ги извезува своите житарки преку Црно Море овозможил во текот на минатата година да се извезат околу 33 милиони тони жито од украинските пристаништа, и покрај конфликтот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ