сабота, 27 јули 2024

Последен ден од претседателските избори во Русија, најавен протест

Претседателските избори во Русија денеска влегоа во третиот и последен ден. На нив, претседателот Владимир Путин (71), кој доминира со руската политика речиси четврт век, несомнено ќе добие уште еден шестгодишен мандат до 2030 година.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Разни опозициски сили ги повикаа луѓето да излезат на гласање денеска точно напладне во својата временска зона и да протестираат, според планот „На пладне против Путин“. Редиците пред избирачките места во исто време треба да остават впечаток дека многу луѓе не се согласуваат со Путин и неговата политика.

Се стравува дека протестот може да доведе до апсења. Властите ги предупредија гласачите да не учествуваат во кампањата, за која велат дека ќе покаже „знаци на екстремистичка активност“.

Изборите се одржуваат во 11 временски зони, а последните избирачки места треба да се затворат во балтичката ексклава Калининград вечерва во 19 часот по средноевропско време, по што треба да бидат објавени излезните анкети и да почне броењето, кое треба да заврши до утре наутро.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ