сабота, 27 јули 2024
Првите резултати вечерва по 23 часот

Последен ден од изборите за Европскиот парламент

Европските избори завршуваат вечерва со затворање на последните избирачки места во Италија, каде се гласа до 23 часот, по што се очекуваат првичните резултати, на кои ќе им претходат оценки за составот на идниот парламент врз основа на комбинација на излезни анкети и предизборни анкети во државите каде што не постои практика на излезни анкети на гласачите кои гласале.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Повеќе од илјада новинари од целиот свет вечерва ќе го следат финалето на изборите за Европскиот парламент, на кои ЕП им ја стави на располагање салата за пленарни седници.

Покрај постојано акредитираните новинари во европските институции, повеќе од 400 акредитации беа доделени на репортери од земјите на ЕУ и надвор од Унијата.

Изборите почнаа прво во Холандија, потоа и во пет други земји-членки на ЕУ, денеска се гласа во 21 земја.

По објавувањето на првите привремени резултати по 23 часот, на јавноста ќе ѝ се обратат водечките кандидати за претседател на Европската комисија, меѓу нив е и актуелната шефица на ЕК, Урсула фон дер Лајен од најголемата пратеничка група – Европската народна партија.

Право на глас на изборите за ЕП имаат околу 370 милиони граѓани на ЕУ, денеска на гласање ќе излезат граѓаните на околу 20 земји-членки на ЕУ.

Изборите за Европскиот парламент привлекуваат големо внимание во јавноста, пред се поради тоа што се очекува во новото свикување на Европскиот парламент да има поместување надесно, имајќи предвид дека десничарските и екстремно десничарските партии постигнаа значителен успех во последните години низ ЕУ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ