петок, 18 октомври 2024

После Струмица и Василево и во Босилово водата не е безбедна за пиење

Комуналното претпријатие Огражден од Босилово објави дека граѓаните на населените места Робово, Радово, Секирник и општинскиот центар Босилово водата од водоводната мрежа не може да ја користат за пиење. Освен во Општина Босилово, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) вчера информираше дека и водата во општините Струмица и Василево сѐ уште не е безбедна за пиење.

Објавено на

часот

Сподели

Во известувањето се наведува дека таквата одлука е донесена заради отстапување од вредностите и стандардите за квалитет на водата за пиење во согласност со правилникот за вода за пиење и таа може да се користи исклучиво како техничка вода.

На известувањето реагираа од Советничката група на СДСМ Босилово од каде бараат свикување на итна седница на Советот на Општината.

„Бараме да се направи анализа во сите населени места кои ја користат водата од водоводот. Да се разгледаат анализите од претходните месеци и да се утврди цена на водата како техничка се додека истата не се донесе во состојба на вода за пиење. Доколку анализите покажуваат дека квалитетот на водата не ги исполнува стандардите од претходните месеци ке бараме одговорност од градоначалникот и директорката на комуналното претпријатие“, пишува во објавата на советничката група на опозицискиот СДСМ во Босилово.

Забраната за користење на водата за пиење важи се додека следните резултати од акредитираната лабораторија за испитување на вода не докажат дека таа е исправна за пиење.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ