Граѓаните во високите зони на Штип немаат вода веќе над 24 часа. Станува збор за населбите Пребег, Баби, Три Чешми, Карорман и индустрискиот дел на градот.
Според соопштението на ЈП „Исар“, причината што населението од високите зони немаат вода за пиење е тестирање на системот за ултрафилтрација.
Граѓаните од населбите во високите зони во Штип со техничка вода се обезбедуваат преку цистерни.
Штипското комунално претпријатие на фејсбук ги извести граѓаните во кој термин и на која локација можат да наполнат шишиња и садови со вода.
На сред лето вода за пиење нема и во Струга и Дебар по што надлежните беа приморани да воведат рестрикции во употребата на вода. А земјдолеците од светиниколско и карбинско протестираа поради недостиг на вода за наводнување на нивите.
За доцна попладнето најавена е и прес-конференција на директорот на ЈП „Исар“-Штип, Кирил Зајков.