сабота, 27 јули 2024

После СПМ и Демократски сојуз без член во работната група за уставни измени

Објавено на

часот

Сподели

Демократскиот сојуз сметa дека пред да почне постапка зa внесување на Бугарите во Уставот, неопходно е од Бугарија да се обезбеди реципроцитет, Македонците да бидат признаени и да можат да се организираат и здружуваат преку формирање културни центри, здруженија на граѓани, политички партии и други форми на асоцијации, заради негување и афирмација на културните, јазичните,  историските и другите обележја, права кои во Македонија ги имаат сите етнички заедници, вклучително и Бугарите. Сѐ додека Бугарија го негира македонскиот народ, како и автентичноста на македонскиот јазик, Република Македонија не треба да почнува постапка за промена на Уставот“, велат од ДС.

Демократскиот сојуз бара владата директно, како и со помош на ЕУ и САД, да инсистира на признавање на Македонците во Бугарија.

„Признавањето на Македонците во Бугарија ќе биде мал чекор на  официјална Софија, но со историски димензии и почеток на нормализација на односите помеѓу Македонците и Бугарите, како и помеѓу двете држави, Македонија и Бугарија“, сметаат од ДС.

Претходно и Социјалистичката партија на Македонија објави дека нема учествува во работата за устаните измени.

До сега само претседателот Стево Пендаровски го номинираше својот советник, универзитетскиот професор, Александар Спасов за свој претставник во работната група што ќе ги пишува уставните измени со кои меѓу другите, Бугарите ќе бидат вметнати во македонскиот Устав.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ