сабота, 27 јули 2024

После 70 години во Саудиска Арабија пак се отвора продавница за алкохол

Во Ријад, Саудиска Арабија, се отвори продавница за алкохол за немуслиманските дипломати кои ќе треба да добијат посебно одобрение за користење на услугите на новата продавница. Во ова крајно конзервативното муслиманско кралство алкохолот е забранет од 1952 година како последица на убиството извршено од саудиски принц во алкохолизирана состојба врз британски дипломат. Пиењето е исто така забрането во исламот, а поголемиот дел од локалното население на Саудиска Арабија е религиозно.

Објавено на

часот

Сподели

Купувачите ќе мора да се регистрираат преку мобилна апликација, да добијат код за одобрување од Министерството за надворешни работи и да ги почитуваат месечните квоти при купувањето, пренесува Ројтерс.

Овој потег претставува пресвртница во напорите на кралството, предводено од саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман, да ја отвори ултра-конзервативната муслиманска земја за туризам и бизнис, бидејќи пиењето алкохол е забрането во исламот.

Новата продавница се наоѓа во Дипломатскиот кварт на Ријад, населба во која престојуваат амбасади и дипломати и ќе биде „строго ограничена“ за немуслиманите. Продавницата се очекува да биде отворена во наредните недели.

Саудиска Арабија има строги закони против пиење алкохол казниви со камшик, депортација, парични казни или затвор, а иселениците исто така се соочуваат со депортација.

Странските амбасади можат да увезуваат алкохол според специфицираните договори со саудиската влада, додека некои прикрадуваат алкохолот во безбедни „дипломатски торбички“ кои не можат да се проверат. Оттаму, шишињата често се продаваат на црниот пазар по огромни цени, според иселениците и локалните жители во земјата.

„Сите знаат кои амбасади продаваат алкохол… некои од нив развија сериозен бизнис од тоа, продавајќи го на црниот пазар за четири, пет, дури и десет пати повеќе од нормалната цена. Стана смешно. Владата мораше да направи нешто“, изјави за CNBC еден саудиски инвеститор со седиште меѓу Дубаи во Обединетите Арапски Емирати и Ријад.

Владата на Саудиска Арабија потврди дека регулирањето на квотите за алкохол за дипломатските мисии е воведено за да се „спротивстави на недозволената трговија со алкохолни стоки“, се вели во соопштението на Центарот за меѓународна комуникација на земјата, цитирана од Си-ен-ен.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ