сабота, 27 јули 2024

По 50 години најдена е украдената гитара на Пол Макартни

Гитарата во облик на виолина исчезна во времето кога Битлси се распаднаа, а се појави по потрагата на светско ниво.

Објавено на

часот

Сподели

Бас-гитара „хофнер“ што му припаѓала на Пол Макартни, а којашто пред повеќе од 50 години била украдена, пред неколку дена му е вратена, а германскиот производител ја потврди автентичноста на тој инструмент.

Потрагата по гитарата ја почна потфатот под наслов „Изгубениот бас“ (Lost Bass) минатата година, па студентот Руајдри Гест во вторникот сподели фотографија од инструментот на „X“. Гест тврдеше дека гитарата му е наследство, и таа му е вратена на Макартни.

Гитарата во облик на виолина исчезна во времето кога „Битлс“ се распаднаа, а се појави по потрагата на светско ниво, објави „Гардијан“.

Пол Мекартни го купил музичкиот инструмент во 1961 година за 30 фунти, што е еквивалентно на околу 800 фунти според денешните цени. Наводно, таа му била омилена гитара.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ